“Налепница” на Георги Унковски е избран за најдобар краток филм на 18. издание на Меѓународниот фестивал за краток филм “Ин д палас”. Софискиот “Ин д палас” е меѓународен фестивал за краток филм којшто е еден од официјалните светски фестивали кои ги квалификуваат победниците за натамошна можност за номинација за Оскар. Победникот на овој фестивал за игран краток филм “Налепница”, после овој успех влегува во конкуренција за номинација на Оскар.
“Налепница” е поддржан од Агенција за филм на С. Македонија и претставува дел од реформираниот нов бран кој докажува дека македонскиот филм може. Не е случајно: три години по ред македонскиот филм успева на реномираниот Санденс, два пати се квалификува за Оскар.