Стефан Андоновски членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во директно вклучување од „Протестот против неправдите“ во Алфа телевизија, истакна дека во Македонија имаме тотална неправда, затоа што правосудството е депонија, а револтот на граѓаните е се поголем.
-Правосудството во моментов во Македонија е депонија, го велам ова затоа што во Македонија имаме тотална неправда, истакна Андоновски.
Андоновски исто така посочи дека треба да се одговорат неколку прашања од страна на власта и тоа:
Зошто над 30 кривични пријави за поткуп од изборите не се процесуирани од страна на Јавното обвинителство?
Зошто во затвор лежат патриоти кои се осудени како терористи?
Зошто ни се случува високи функционери од власта како Ден Дончев сеуште не им се процесуирани кривичните пријави коишто треба обвинителството да ги обработи?
Зошто ни се случуваат постојани реперкусии и во администрацијата и во приватниот сектор, зошто државната администрација и инспекторатите се користат како маша за да се реваншираат на обичниот граѓанин?
Зошто ни се случува високи функционери сегашни и бивши на СДСМ не одговараат за ниедно дело кое го имаат направено и институциите остануваат глуви за она за кое треба да реагираат?
Каде се телефоните и дали истите се вештачени од предметот „Рекет“?
Андоновски објасни дека не треба да ни се случуваат Луј Витон предмети кои немаат разрешница, како и тоа дека се случува реваншизам на сите неистомисленици на власта.
-Во СВР Битола од седум до девет граѓани, високи оперативци се прераспределени на незаконит начин, тројца-четворица од нив се прераспределени надвор од Битола на други места надвор од местото на живеење, а по нив се водат и дисциплински постапки директно инструирани од власта, затоа што се противници на власта, се под мобинг и притисок, зошто треба да се случува реваншизам за противници на власта само ден по изборите – критикуваше Андоновски.
Андоновски посочи дека не протестира само ВМРО-ДПМНЕ, од исто време протестираат и мајките, стечајците, синдикалците, средношколците, протести против струјата на други организации, во најава се и други протести, кои го покажуваат револтот на народот.
-Ние ќе останеме на улица се додека граѓаните тоа од нас го бараат, а се погласни се барањата по најразлични теми, но постоењето на неправда и обесправеноста која ја чувствуваат граѓаните како и сиромаштијата се огромни, вели Андоновски.