Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик беше воодушевен по победата над Севиља со 2: 1, што им го донесе и Суперкупот на Европа на Баварците.
Тој рече дека понекогаш фудбалот пишува толку убави приказни како онаа на Чави Мартинез, кој го постигна победничкиот гол на натпреварот во продолженијата.
– Чави го постигна победничкиот гол. Понекогаш фудбалот пишува вакви приказни, а оваа е многу убава. Во средата имаше информација дека е пред трансфер во Атлетик Билбао, но Чави е тука, постигна гол и освои трофеј. Тој има менталитет на победник и тоа го докажа повторно против Севиља. Што се однесува до неговата иднина, ова не е најважно сега. Тој сам ќе одлучи, изјави Флик.
Самиот Мартинез додаде: „Отсекогаш сум давал сè на теренот за Баерн, а денес не беше ништо поразлично. Дури и да играм 10 или 15 минути, секогаш се трудам да му помогнам на тимот. Денес тоа го направив со гол и сакам да славам со соиграчите”.