Актерката Шерон Стоун има богата филмска кариера, а во текот на истата снимила и бројни љубовни сцени.
Гостувајќи во емисијата на Енди Коен, една од најфаталните жени на сите времиња открила која сцена со бакнување е најдобра за неа. Шерон не се двоумела, а еден колега особено го пофалила – тоа е Роберт де Ниро со кој глумеше во филмот „Casino“ од 1995 година.
„Роберт де Ниро дефинитивно најдобро се бакнува“, рекла Стоун и нагласила дека бакнежот со него бил магичен.
„Не знам дали би можела уште нешто да споредам со тој бакнеж, се останато беше некако без врска“, била искрена актерката. Шерон признала и дека била заљубена во Де Ниро кога започнала со актерската кариера и дека Роберт и денес многу го цени.
Погледнете го бакнежот во филмот „Casino“:
А еве како Шерон Стоун го фалела Роберт де Ниро во емисијата на Енди Коен:
Преземено од Точка