Српските медиуми објавија први фотографии од паднатиот воен авион. Станува збор за Миг-21, кој се урнал во близината на Лозница. Претседателот Александар Вучиќ кој се наоѓа во работна посета на Турција потврди дека утрово се срушил воен авион.
-Слушнав дека се случила несреќа со нашиот стар авион Миг 21, се надевам дека веста не е точна, но ќе ја провериме, рече Вучиќ во Истанбул.
Во авионот се наоѓале два пилоти. Според првичните неофицијални информации, еден од пилотите е загинат, а по другио се трага.
На лице место се упатени екипи за спасување.