Осумте основни училишта во Аеродром подготвено го чекаат стартот на учебната 2020/21 година под нови услови и со нови протоколи.
Во изминатиот период беа реконструирани и реновирани зградите на основните училишта, што опфати молерисување, обнова на тоалетите, замена на подовите, на прозорците и влезните врати, а беше извршена и повеќекратна дезинфекција на училишните простории.
За училиштата и за учениците Општина Аеродром за првпат набави нова спортска опрема и облека, училишни униформи и ИКТ-опрема, смарт-табли, прожектори и дидактички материјали.