Наталија Водјанова, една од најпознатите манекенки во светот, вчера му рече судбоносно „да“ на својот долгогодишен партнер Антоан Арно, а свадбената церемонија се одржа во Париз.
Манекенката на својот Инстаграм објави фотографии од интимната венчавка, а со тоа ги воодушеви своите следбеници.
За оваа пригода таа носеше едноставна, ретро свилена венчаница од шампањ со нагласени рамена и тенок појас околу струкот, а со себе носеше и елегантни бели салонки. Додека нејзиниот сопруг, со кого веќе има два сина, се одлучи за тегет костум на Берлути.
https://www.instagram.com/p/CFZzsOND0mk/
Наталија сега живее во изобилство, но не било секогаш така. Имено, таа порасна во сиромаштија, а како девојче работеше на пазар.
Нејзиниот живот се смени кога ја забележа моден агент кој ја запозна со светот на модата и и овозможи да живее удобен живот.
Така Наталија се најде во Париз на 17-годишна возраст, а веќе како 20-годишник на сметката имаше 20 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/CDT-zSooNim/
Титулата една од најплатените модели во светот ја воведе во светот на богатите и аристократите, меѓу кои го запозна и нејзиниот прв сопруг Џастин Портман, со кого има три деца. Нивниот брак траеше девет години, а Џастин во интервју откри дека по раскинувањето, морал да побара стручна помош поради нервен слом кој го претрпел поради раскинување на убавицата…
Преземено од Вистина.мк