Лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс зборуваше за медиумите на официјалната прес-конференција по четвртиот натпревар од кошаркарскиот НБА-плејоф.
„Кралот” и неговиот тим го добија четвртиот натпревар со Денвер со конечни 114:108 и со тоа поведоа со 3-1 во финалето на Западната конференција. Џејмс успеа да ја запре sвездата на Нагетс, Џамал Мареј неколку пати на крајот од мечот, помагајќи му на својот тим да ги задржи противничките напади за пресврт.
– Мареј е специјален играч затоа што има многу варијации во неговата игра. Може да бележи со шробив, од средно растојание и тројка. Им реков на соиграчите дека ќе се погрижам за него. Успеав да го запрам неколку пати и да скокнам, што е најважно во одлучувачките минути, изјави 35-годишната sвезда на Лејкерс.
Леброн додаде дека дава се од себе кога е на паркетот и дека не ја чува силата.
– Ако ми треба пауза, ќе му сигнализирам на тренерот. Тој добро ја извршува ротацијата на составот, така што ми останува доволно енергија секој пат да давам се од себе на теренот. Кога ќе дојдат одлучувачките минути, во кои се добиваат натпреварите, немам право да се чувствувам уморен. Сега навистина се чувствувам уморен, но натпреварот заврши, додаде тој.