Поддршката на Грција за Кипар, за „воведување конкретни санкции за лица и субјекти инволвирани во континуираните нелегални активности на Турција во кипарската Ексклузивна економска зона” ја изразува портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас, одговарајќи на новинарско прашање.
-Грција цврсто ја поддржува позицијата на Кипар за спроведувањето на Одлуката на Советот на ЕУ во врска со наметнување насочени санкции за лица и субјекти инволвирани во континуираните нелегални активности на Турција во Ексклузивната економска зона на Република Кипар, вели Гениматас.