Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од британскиот премиер Борис Џонсон да им забрани на луѓето од различни домаќинства да се мешаат како дел од рестриктивните мерки за британскиот главен град со цел да се запре ширењето на Ковид-19.
„ Една од работите што му ги реков на премиерот е дека мислам дека треба да следиме што се случува во државата и да престанеме со социјално мешање на домаќинствата”, изјави Кан во интервју за британски „Гардијан”.
„Јас го велам тоа со тешко срце”, истакна тој.