Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро е заинтересиран да се пресели во Евертон, пренесува „Тајмс”.

Според британскиот весник „карамелите” сè уште не дале официјална понуда за 33-годишниот Аргентинец, но веќе разговарале за можен договор со него и неговите претставници.

Известено е дека Евертон бара да ја засили голманската позиција по неуспешниот настап на Џордан Пикфорд на мечот од Англискиот лига куп против Флитвуд (5:2).

Во сезоната 2019/20, Ромеро забележа 17 настапи за Манчестер јунајтед и прими 12 гола. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на голманот на 2,8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави