Се одложи судењето каде обвинет за злоупотреба е поранешниот прв човек на Врховниот суд и поранешен судија Јово Вангеловски.
Тој немал време да ја подготви својата одбрана и тврди дека обвинителниот акт го добил премногу доцна.
Вангеловски е обвинет дека како претседател на врховниот суд не ѝ исплатил додаток на плата на својата колешка, врховната судијка Лидија Неделкова. Рочиштето продолжува на 29-ти октомври.
Извор:24.mk