Џони Деп го доби процесот против Амбер Херд

Поротата донесе пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдела дека Деп физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

Актерот го доби спорот и Амбер Херд е прогласена за виновна.

Пресудата е прочитана во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија нешто по 21 часот. Џони Деп не беше на читањето на пресудата затоа што е во Велика Британија поради бизнис.

Поротата пресуди дека Амбер Херд мора да му плати отштета од 15 милиони долари за клевета во напис објавен во Вашингтон пост.

Поротата открива и дека Џони Деп ја наклеветил Амбер Херд – но тоа било преку неговиот адвокат, Адам Волдман, и тоа само во една од трите точки. Таа доби 2 милиони долари како компензација и ниту една од казнената отштета.

Треба да знаете
Последни објави