Евертон гази се пред себе на стартот од новата сезона во англиската фудбалска премиерлигашката конкуренција. Екипата на италјанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти по Тотенхем и ВБА, го скрши отпорот и на незгодниот Кристал Палас (1:2). по три одиграни кола има максимални девет бода.
Евертон поведе со голот на Калвер Луин во 10 минута по одличниот продор и асистенција на Колмен, но домаќинот се врати во игра 16 минути подоцна кога Таунзенд перфектно изведе корнер од десниот агол, а Кујате стрелаше со глава. Клучниот момент се случи во самата завршница од првиот дел од мечот. Дињ со глава го погоди Џоел Ворд, а судиите по деталниот преглед на снимката покажаа на белата точка. Ришарлисон потоа со прецизен удар го матираше Гваита.
На „карамелите“ оваа победа дополнително ќе им влијае на самодовербата, а доколку следниот викенд го совладаат и Брајтон на свој терен ќе ја дочекаат репрезентативната пауза во исклучително расположение, а потоа и градското дерби со Ливерпул кое е на програмата на 17 декември.
https://streamable.com/oudfpt
https://streamable.com/jdyed6