Во изминатите 24 часа, во Хрватска се евидентирани 48 позитивни на коронавирус, нема смртни случаи, а бројот на активни случаи е 1.180, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Во изминатите 24 часа биле тестирани 3.029 лица, а 184 лица оздравеле, пренесе Хина.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се 16.245 лица со коронавирус, од кои 272 починале. Закрепнаа 14.793 луѓе.
До денес се тестирани вкупно 295.998 лица.