Германија: Двојно ќе се зголеми бројот на ученици во карантин

Претседателот на Германското здружение на наставници, Хајнц-Петер Мејдингер очекува натамошно влошување на состојбата со коронавирусот во училиштата.

Според германски „Билд“, во моментов има околу 50.000 ученици во карантин.

Тој број ќе се зголеми повеќе од двојно во следните три месеци, очекува Мајдингер.

Тој рече дека ќе биде сè потешко да се контролира избувнувањето на жариштата и нивното „гасење“.

Во меѓувреме, се зголемува и бројот на заболени за кои се смета дека биле заразени во училиштата.

Треба да знаете
Последни објави