Шпанскиот Врховен суд му забрани на каталонскиот лидер Тора да извршува јавна функција

Врховниот суд на Шпанија денеска му забрани на каталонскиот претседател Квим Тора да извршува јавна функција.

Врховниот суд едногласно ја потврди минатогодишната пресуда на судот во Барселона, според која Тора не смее да врши јавна функција во рок од 18 месеци поради кршење на изборниот закон.

Тора за време на минатогодишната прдизборна кампања одби да го отстрани транспарентот на кој пишуваше „Ослободете ги политичките затвореници и прогонетите”. Согласно законот на функционерите им е забрането да ги користат јавните згради за политичка пропаганда. Покрај забраната за извршување јавна функција, Тора ќе мора да плати и казна од 30.000 евра.

Тора е на чело на каталонската Влада од 2017 година. Согласно законот, функцијата ќе ја извршува заменикот на Тора.

Треба да знаете
Последни објави