Добрила Кацарска предложена за уставен судија

Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС.

Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на гласање во Собранието на РСМ, каде народните избраници треба да ја изберат на функцијата.

Кацарска е судија во Основниот кривичен суд Скопје.

Треба да знаете
Последни објави