Проекциите кои ги имаме до крајот на годината се дека во последниот квартал следи закрепнување кое доколку успешно го премостиме можеме да влеземе во пост ковид периодот со добра основа за развој и стабилизирање, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Осврнувајќи се на најновите статистички податоци за индустриското произвдоство оцени дека движењето на индустријата со пад од 9,1 отсто е знак дека индустријата како еден од најзначајните сегменти на домашната економија е на добар пат да се врати на нивото од минатата година во текот на последниот квартал годинава.
-Поддршката во износ од минималната плата дополнета со дистрибуцијата на платежните картички кои се користеа исклучиво за купување домашни производи резултира со намалување во падот на индустриското производство на едноцифрено ниво во јули и август и трендот на очекувањата се дека овој пад ќе биде неутрализран до крајот на третиот квартал. Ова е само еден од показателите кои нам ни дават позитивен импусл назад дека преземените мерки за заштита на домашната економија во време на светска економскка криза даваат резултати, рече Битиќи.
Во првите месеци од кризата, дополни, имавме висока непредвидливост, но сметам дека досега донесените мерки беа навремени сеопфатни и правилно таргетирани. Мерките од четвртиот сет, како што рече, се проектирани да одат еден чекор понапред од моменталната состојба, а тоа е период на ревитализација и рестарт на македонската економија која ќе биде предвидлива, одржлива и развојна.
-Секој денар на граѓаните е важен и тој ќе биде распределен онаму каде што е најпотребен, порача Битиќи на прес-конференција на која со министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска ги претставија мерките од четвртиот сет за исплата на плати за октомври, ноември и декеври и за платежни картички за најранливите категории.