Предизвикај се себеси и биди активен

Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој „РАСТ И РАЗВОЈ Скопје“ на 1. Јули 2020 година започна со реализација на проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“, финансиран од Група 484 и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, со Договор за грант.

Проектот претставува директен одговор на глобалната, здравствена, социјална и економска криза предизвикана од Ковид-19.

Поконкретно, вкупно 10 основни училишта од Република Северна Македонија, од сите осум статистички региони и со хетероген демографски состав, ќе партиципираат во  активности/вежби, кои се очекува да поттикнат физичка активност на ученици од VI до IX одделение, во домашни услови (без или со многу малку потребна опрема), креирани од квалификуван и професионален едукатор за физичко образование, преку интерактивна онлајн плаформа http://predizvik15.mk/.

Ваквата активност се смета за особено значајна, бидејќи училиштата во земјата се затворија во Март 2020, и се очекуваше состојбата да продолжи и во следната учебна година. Во проектот ќе учествуваат 300 деца на возраст од 10 до 14 години, во соработка со 10 професори по физичко образование од селектираните основни училишта. За успешно спроведените вежби учесниците ќе собираат поени и ќе се натпреваруваат со своите врсници од другите училишта. Секое од инволвираните училишта ќе добие и донација на спортска опрема во рамки на проектот, според нивните посочени потреби.

Проектот подразбира и две онлајн истражувања во втората фаза, кои покрај евалуација на проектните активности и мерење на задоволството од самата програма, ќе треба да обезбедат и податоци за ставовите и мислењата на учесниците за значајноста на физичкото образование во земјата и сугестии за подобрување на квалитетот на наставата и курикулумите/методите и техниките, кои во вид на е-брошура ќе бидат дисеминирани до сите засегнати страни (Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Биро за развој на образованието итн).

 

Треба да знаете
Последни објави