Во моментов нема добра атмосфера за преговори со Азербејџан, со која се во тек воени дејствија во Нагорно-Карабах, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашинијан.
Тој соопшти дека високи турски воени претставници се наоѓаат во Азербејџан и оттаму ги водат воените операции во спорната територија, јавија британските медиуми.
Ерменскиот премиер ја повика меѓународната заедница да ја осуди азербејџанската и турската агресија и предупреди дека таму всушност е загрозено присуството на ерменскиот народ.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше во неделата наутро, а оттогаш и Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за почетокот на непријателства.
Во Ерменија и Нагорно-Карабах е ведена воена состојба и најавена е општа мобилизација, а во Азербејџан, пак, е воведен полициски час во одредени градови во близина на спорната територија.