Во Градскиот парк денеска ќе биде претставена инсталацијата „Ре Употреби го умот 2″, со цел да влијае на свеста на околината,
овозможувајќи учество во креирање и реализирање на идеите за квалитетно заедничко живеење, еднакво за сите.
ХОПС- Опции за здрав живот Скопје, спроведува акциски грант од Цивика Мобилитас, чија цел е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје, преку нивно активно вклучување во активности во локалната заедница.
– И овој пат во „Реупотреби го умот l2 “, реупотребивме 10 палети, 70 пластични шишиња, и употребивме 200 литри земја и минерал, многу љубов и неколку дебла и греди и од ова малку направивме многу. Создадовме клупа за да не зближи и здружи, за да го чуе љубовниот шепот и убавите желби и во себе да ги скрие искажаните тајни. Оваа клупа е за заедничка почивка на млади и стари, за долги разговори и плодни договори. Ова дело индирекно претставува визија на луѓето кои употребуваат дроги, соопштија од Здружението ХОПС-Oпции за здрав живот Скопје.
Овој проект чија цел е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик во Скопје е поддржан од Цивика Мобилитас во соработка со Град Скопје и Ј.П. Паркови и зеленило.