На „Алијанц Арена” во Минхен вечер од 20.30 часот ќе се одржи натпреварот од фудбалскиот Суперкуп на Германија меѓу Баерн и Борусија Дортмунд.
Двете екипи започнаа променливо во Бундеслигата. Баерн Минхен го декласира Шалке (8:0), но потоа сензационално загуби од Хофенхајм (1:4).
Борусија Дортмунд ја совлада Борусија од Менхенгладбах (3:0), а потоа загуби од Аугсбург (0:2). Можеби и двата тима едноставно ги штедеа силите за Суперкупот.
Светските обложувалници повеќе шанси му даваат на Баерн. Тие за победа на Баварците нудат коефициент 1,55, додека триумф на Борусија носи коефициент 5,00.
Останува да се види дали Баерн ќе ја оправда фаворитската улога или Борусија ќе изненади.