Оригинална приказна за алтер-егото на Бетмен, Брус Вејн, ќе дебитира следната година како подкаст серија на стриминг-платформата „Спотифај“, објавија продуцентите во вторникот.
Насловена „Бетмен непогребан“, серијата е прва што се развива преку договор меѓу Spotify Technology SA и AT&T Inc Warner Bros кој ги донесува суперхероите на „Ди-си комикс“ во светот на наративните подкасти.
Подкаст серијалот за човекот лилјак ќе ги истражува „потемните аспекти на психологијата на Брус Вејн“, според изјавата на Спотифај и Ворнер Брос.