Во Општина Бутел, утре, 01.10.2020 г. (четврток) ќе започне новата школска година за 535 првачиња во седумте основни општински училишта.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе ги посети седумте основни училишта и на сите првачиња ќе им посака успешен старт на новата учебна година.
Општината подготви пригодни подароци – училишни прибори за сите првачиња.