„Наша должност е да ги обезбедиме вакцините, третманите и Ковид-19 тестовите да бидат достапни за сите и да го запреме глобалното ширење на пандемијата со што го штитиме британскиот народ и ќе го поставиме човештвото на патот за закрепнување”, истакна британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб пресрет на виртуелното Генерално собрание на Обединетите Нации за вакцини, терапија и дијагностика, на кое Обединетото Кралство е домаќин заедно со ОН.
„Соработката под покровителство на АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид алатки е битна за стимулирање на развој, производство и пристап за сите земји”, вели тој.
Обединетото Кралство е домаќин заедно со Светската здравствена организација, ОН и Владата на Јужна Африка на виртуелниот настан кој се одржува денеска, посветен на зближување на меѓународната заедница околу АКТ – Акцелераторот за пристап кон ковид алатки, охрабрувајќи и други земји да дадат свој допринос. Настанот е дел од овогодинешното Генерално собрание на Обединетите Нации и ќе биде водено од министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство, Доминик Рааб.