Министерството за здравство на Австрија денеска ги демантираше гласините дека, поради епидемиолошката состојба, по 23 октомври се планира ново затворање на економијата и социјалниот живот во Австрија.
Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер, тврди дека владата ќе донесе одлука за ново затворање на 23 октомври, пред претстојните австриски празници.
Претставници на Министерството велат дека нема таква намера.
– Станува збор за намерно ширење гласини, истакнува Министерството за здравство.
Второ „затворање” е планирано само доколку здравствениот систем е пред колапс, објасни Министерството, истакнувајќи дека тоа не е случај во моментов.
Министерот за здравство Рудолф Аншобер исто така ја исклучи можноста за ново „затворање”.
– Тоа нема да се случи, рече тој за списанието „Фалтер”.