Тања Кочовска и Предраг Павловски пред точно 25 години, на денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак – денес тие одбележуваат годишнина.
Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски.
Тања одамна ја има споделено и нивната интересна љубовна приказна, нивните први љубовни средби и како Предраг ја побарал за жена.
Плод на нивната љубов е ќерката Нела.
За годишнината, Кочовска, во свој стил, на својот фејсбук профил објави фотографија на која му го мери притисокот на сопругот Предраг.
Преземено од Женски магазин