Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше прв работен состанок со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз, и со претставници од УСАИД. Како што соопшти МОН, амбасадорката Брнз истакна дека Амбасадата на САД продолжува да биде важен стратешки партнер во унапредувањето на образовниот систем во Северна Македонија и посочи дека Амбасадата е подготвена да го продолжи и унапредува силното партнерство и да даде поддршка на реформските процеси во образованието.
– На средбата министерката Царовска ја информираше амбасадорката и останатите присутни за сите актуелни теми поврзани со стартот на учебната година во услови на Ковид-19, но и за други тековни активности на министерството, се наведува во соопштението од МОН.