Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска изјави дека се надева дека Белата куќа и демократите во Конгресот ќе постигнат договор за новиот закон за ублажување на последиците од коронавирусот.
Двете страни до четврток треба да соопштат дали имали не договор за ова прашање.
Британските медиуми пренесуваат дека американскиот министер за финанси на конференција за инвеститори на Си-Ен-Би-Си кажа дека продолжува со неодамна обновените разговори со спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, потенцирајќи дека се надева на „разумен компромис”.