Германската канцеларка Ангела Меркел денеска вети 100 милиони долари помош за земјите во развој, со цел да имаат пристап до вакцина против Ковид-19.
Истовремено, претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас истакна дека „широк, брз и ефикасен пристап до вакцините ќе претставува срж на глобалното економско закрепнување за сите”.
Меркел ги повика оние кои се уште се двоумат да им се придружат на глобалните напори во врска со вакцината против Ковид-19.