Мајами Хит забележаа убедлив пораз во првиот натпревар од НБА финалето и останаа без двајца играчи од стартната петорка. Во поразот од Лос Анџелес Лејкерс 98:116 Горан Драгиќ играше само во првото полувреме, а Бем Адебајо го напушти теренот во третата четвртина.
Горан Драгиќ го повреди левото стапало и според американските медиуми тој повеќе нема да игра во оваа финална серија.
Центарот Бем Адебајо го повреди рамото и според истите извори повредата не е сериозна. Адебајо ќе биде подготвен за вториот натпревар кој се игра во сабота од 1:30 часот.