Тренерот на Баерн, Ханси Флик го пофали својот тим откако ја совлада Борусија во Суперкупот на Германија (3:2).
И покрај тоа, тој смета дека било потребно подобро да се делува во второто полувреме.
– Денес ни требаше само победа, тоа беше нашата цел и ја остваривме. Затоа, комплименти за тимот. Ни претстојат уште многу натпревари. Затоа, важно е да одлучувате вакви натпревари во ваша корист. Од една страна, оваа победа го демонстрира менталитетот на тимот, а од друга, класата што ја поседува. Не беше лесно, особено во второто полувреме. Водевме со 2:0 и беше заслужено. Но, тогаш ние самите си го отежнавме животот правејќи неколку грешки. Џошуа Кимих има посебен менталитет и неверојатни квалитети. Затоа, тој се движи кон тоа да стане еден од оние фудбалери кои имаат значително влијание врз клубот, истакна Флик.