Тотнем наскоро ќе го потврди Карлос Винисиус од Бенфика како ново засилување во нападот, двата клуба постигнале договор.
Тотнем и Бенфика постигнале договор за напаѓачот Карлос Винисиус.
Тој оваа сезона ќе игра на позајмица во Тотнем, со опција комплетно да биде откупен за 45 милиони евра.
Тотнем се интересираше и за Милик, но не се договорија со Наполи.
25-годишниот Винисиус е бразилски напаѓач кој во Европа го донесе Наполи во 2018 година, но тој нема меч за италијанскиот тим, беше пратен на позајмици во Рио Аве и Монако по што во 2019 беше откупен од Бенфика.