Србин на возраст од 28 години паднал низ прозорец на бордел во Цирих и починал, пишуваат швајцарските медиуми.
Несреќата се случила минатиот петок, а вчера швајцарските власти објавија детали за инцидентот.
Досега, според информациите од медиумите, нема докази дека во несреќата учествувало друго лице, па настанот се третира како несреќен случај.
Несреќата се случила утрото, околу 10:45 часот. Минувачите виделе човек како лежи на улицата и веднаш повикале полиција.
Жена што живеела во соседната зграда, рекла дека слушнала гласови, како расправија меѓу маж и жена.
За настанот сведочел и еден Сириец. Тој бил на другата страна од улицата и разговарал со пријател по телефон.
„Мажот по расправијата се обидуваше да излезе низ прозорецот. Едната нога му беше надвор, другата внатре. Се обиде да стигне до соседниот балкон. Се лизна и падна на глава“, објаснил сведокот.
Тој додал и дека човекот имал перница во раката.