„Не се откажувам“- Шенон Доерти сака да се збогува со најблиските, но верува дека уште е рано за тоа

Пред околу 3 години, актерката Шенон Доерти заврши со терапијата за ракот на дојката. Но, во 2019-та, нејзиниот лекар ѝ соопштил дека ракот се вратил, овојпат во четврти стадиум. Односно, ракот веќе почнал да се проширува и на другите делови од телото.

Во неодамнешно интервју за Elle, актерката отворено прозбори за болеста и, најважно од сè, нагласи дека се чувствува добро и дека сигурно ќе живее барем уште 10 години.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-02.jpg

49-годишната актерка сакала да сними и видео пораки за нејзините сакани, кои ќе можат да ги погледнат по нејзината смрт. Но, вели дека уште не сака да почне со тоа бидејќи не губи надеж.

„Немам седнато да напишам писма. Тоа е нешто што треба да го направам. Има нешта што сакам да ѝ ги кажам на мајка ми. Сакам сопругот да знае колку ми значи. Но секогаш кога доаѓа време да го направам тоа, ми се чини како да е крај. Се чувствувам како да се откажувам, а јас не се откажувам“.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-03.jpg

Иако Шенон најверојатно целиот живот ќе треба да прима терапија за болеста, таа вели дека не ја очекува смртта.

„Се чувствувам како многу, многу здраво човечко суштество. Тешко е да се збогувате со сè кога чувствувате дека ќе живеете уште 10 или 15 години“, изјави таа за Elle.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-04.jpg

Засега, актерката вели дека сака да се фокусира на убавите нешта во нејзиниот живот:

„Се обидувам да ги ценам малите моменти кои повеќето луѓе не ги забележуваат или ги земаат здраво за готово. Малите нешта мене ми изгледаат големо. Сите го имаме овој бунар без дно во нас, и треба да продолжиме да копаме во тој бунар за да ја најдеме силата да се соочиме со неправдата – и така можеме да ја видиме и целата убавина“.

Шенон призна и дека, нормално, имало денови кога се чувствувала депресивно, но успевала да ги надмине тие мигови со помошта од нејзините најблиски…

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-05.jpg

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави