Среќен почеток на новата учебна 2020/21 година им посака градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на сите ученици од осумте основни училишта во Аеродром при денешната посета на ООУ „Лазо Ангеловски“.
Оваа година е поразлична од претходните и ќе се одвива во нови услови и со нови здравствени протоколи за учениците од прво до трето одделение, а за другите ќе се изведува онлајн-настава преку националната платформа за учење од далечина.