Германски правобранител го казни шведскиот моден ланец H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.
„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информации.
Уште од 2014 година, раководството на H&M во Нирнберг собрало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во систем, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамки на истрагата .
H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.
Компанијата во соопштениеот им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.