Претседателот на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Џим Риш, (Р- Ајдахо) и неговиот колега Боб Менендез (Д- Њу Џерси) ја повикаа администрацијата на Вашингтон да почне истрага за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални во писмото испратено до американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ТАСС.
„Со почит бараме да разгледате дали владата на Руската Федерација користела хемиско или биолошко оружје во кршење на меѓународното право или против нејзин државјанин и поради треба да биде предмет на санкции содржани во статутот“, напишаа сенаторите.
Се додава дека труењето на Навални е особено вознемирувачко бидејќи агесот „новичок“ бил користен и во нападот во март 2018 година врз Сергеј Скрипал во Солсбери, Англија.
„Во тој случај, вашата администрација заклучи дека руската влада стои зад нападот и затоа е предмет на санкции. САД мора повторно да стават до знаење дека секое такво однесување не е прифатливо “, се вели во заклучокот од писмото.