Maкедонските граѓани засега нема да можат да патуваат во Грција. Границата со јужниот сосед ќе биде затворена до 12 октомври.
Двете министерски одлуки кои се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања и на забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 12 октомври. За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија. Тие можат да патуваат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), но само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред пристигнувањето.
Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и со негативен ПЦР тест.
Забраната не важи: за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и живеат во Грција, за влез на лица од апсолутно неопходни професионални или медицински причини за што ги имаат и потребните документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија одат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.