Поранешниот селектор на Македонија и трофеен тренер на европскиот и македонски машки ракометен првак Вардар, шпанскиот стратег Раул Гонзалез е пред отказ во ПСЖ по поразот во ЛШ на гостувањето кај белорускиот Мешков Брест.
Откако ПСЖ загуби пред своите навивачи од Фленсбург, вчеравечер беа надиграни и од Мешков Брест, што било причина раковдството на ПСЖ да размислува за промена на тренерската клупа. Раул вчеравечер по поразот од Брест Мешков не се појави ниту на прес-конференцијата по натпреварот во ЛШ.