Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека најмалку 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија биле уништени за време на четиридневните судири, јави агенцијата Анадолија.
– Уништени се и 228 топовски и ракетни системи, 30 системи за противвоздушна одбрана, шест командни зони и набљудувачки пунктови, пет складишта за муниција, 110 воени возила и еден ракетен систем С-300″, се наведува во соопштението.
Ерменските сили изведоа нови напади врз азербејџанските населби и позиции во неделата наутро, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции. Ерменските власти викендот прогласија општа мобилизација и воена состојба поради конфликтот во регионот на Нагорно Карабах, а азербејџанските власти, исто така, прогласија воена состојба за 19 области, вклучувајќи го и главниот град Баку.