Повеќе од 170 држави за време на виртуелен состанок на ОН, ветија дека ќе сторат повеќе за правата на жените. Состанокот беше организиран по повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за жени, одржана во Пекинг во 1995 година. Тековниот самит беше надвор од официјалната агенда на годишното заседание на Генералното собрание на ОН. Меѓу 170-те говорници на форумот, само десетина беа жени.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека подобрувањето на условите за жените започнува со еднаква застапеност на жените на лидерски позиции. Во просек, жените имаат 75 проценти од законските права на мажите, рече Гутереш.
На глобално ниво, секоја трета жена страда од некаков вид на насилство во текот на својот живот. Секоја година, 12 милиони девојки стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Во 2017 година, просечно 137 жени ширум светот биле убиени дневно од страна на член на нивното семејство.