Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на оваа недела спроведе увид на оперативните активности за реконструкцијата со дислокација на водоводната мрежа долж ул.„Лазар Поп Трајков“, во Автокоманда, општина Гази Баба, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски.
„Една од нашите цели е да се зголемат инвестициите во подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура во градот, ова е една од нив. Инвестицијата за проектот на ул. Лазар Поп Трајков е близу 15.000.000,00 денари. Со реализација на овој проект, чија техничка документација е усогласена и изработена врз основа на решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП за УЗ. „Автокоманда“, старата салонитна мрежа ќе се замени со нова водоводна мрежа од лиено железни цевки Æ100мм. во должина од 835м. што би значело изградба на водоводна мрежа со соодветен профил и материјал. Со реализацијата на овој проект ќе се изврши и реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улицата, приклучување на друга постоечка улична водоводна мрежа на проектираната, -поврзување на истата на две постоечки улични водоводни мрежа Ø100мм на ул.Трифун Хаџи Јанев и ф100 мм премин под бул.Александар Македонски со што ќе се овозможи оформување на циркулационен прстен.“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Градоналникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, го изрази своето задоволство за препознаената потреба за оваа инвестиција во општината, со што граѓаните од овој дел на Гази Баба ќе добијат поквалитетно водоснабдување.