Со ноќното бележење на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, завршена е реконструкцијта на коловозот на потегот од крстосница со булевар Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди.
Во текот на градежните работи извршена е реконструкција на коловозот по целата должина на улицата од околу 580 метри, како и нивелација на постојните шахти и сливници.
Екипите на Градот од денеска ќе ја почнат и изградбата на третиот конектор помеѓу главните велосипедски рути на булеварот Илинден и булеварот Партизански одреди.
Реконструкциите на градските сообраќајници станаа еден од приоритетите на Град Скопје и се завршуваат во рекордно кратки рокови.