Ерменските противвоздушни системи соборија авион и беспилотно летало на азербејџанското воено воздухопловство, соопшти портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан.
Денес воените операции продолжија во Нагорно Карабах.
Степанјан рече дека противвоздушните системи собориле непријателски авион и беспилотно летало околу 7.55 часот.
UPDATE: Fierce clashes continue in Nagorno-Karabakh on Friday morning, Azerbaijani Defence Ministry says#SputnikUpdates https://t.co/cmKpLL6niF
— Sputnik (@SputnikInt) October 2, 2020
„Обидите на непријателот во неколку насоки да ја пробијат линијата на фронтот не успеаја“, рече таа.
Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека азербејџанската армија успеала да преземе контрола над голем број стратешки височини, пренесува ТАСС.
Министерството потврди дека воените операции во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах продолжиле утрово и во текот на ноќта.
„Од полноќ до 7 часот наутро беа уништени пет ерменски единици оклопни и автомобилски возила, како и три воени инфраструктури и значителен број непријателски персонал“, се вели во соопштението.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на 27 септември, кога започнаа борбите на спорната територија. И Азербејџан и Ерменија прогласија воена состојба и воведоа мобилизација.