Во Тирана заедничка седница на владите на Албанија и на Косово

Во Тирана денеска заедничка седница ќе одржат владите на Албанија и на Косово.

Седницата планирано е да почне во 11:30 по што ќе бидат потпшани три договори, за отворање царинска испостава во пристанишниот град Драч, изградба на железничка линија меѓу двете земји, како и хидроцентрала за Косово што ќе се гради во Албанија.

Меѓу другото ќе биде усвоен дополнителен протокол за соработка меѓу министерствата за здравство во справувањето со Ковид-19,заеднички календар на настани, договор за снимање зеднички филм и договор меѓу министерствата за култура,потоа договор за соработка во услови на природни и други непогоди, за заедничка дигитална платформа за основно и средно обрзование, договор за царински олеснување.

По потпишувањето на документите планирана е заедничка прес конференција на премиерите Еди Рама и Абдулах Хоти.

Седница најпрво беше најавено да се одржи во северниот албански град Скадар на 25 септември, но беше одложена за денес. Оваа, инаку е шеста заедничка седница на владите на девете земји.

Треба да знаете
Последни објави