Напаѓачот, кој има само 20 години и е дел од младинската англиска репрезентација денеска ќе има медицински прегледи во тимот од Јоркшир и ќе потпише петгодишен договор.
„Црвените“ ќе имаат право во следните три години да го откупат назад, но не се открива колкава е оваа клаузула. Ливерпул исто така ќе добие 15 отсто од трансферот, доколку Шефилд го продаде Брустер.
Напаѓачот не добиваше многу шанса кај Јирген Клуп и изминатите три сезони одигра само четири натпревари за Ливерпул и тоа во англиските купови. Брустер изминатата полусезона беше дел од Свонси во Чемпионшип дивизијата, каде го покажа својот голем потенцијал и постигна 10 голови на 20 натпревари.