Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ги приведоа А.Ц. (20) и К.Ј. (19) од скопско и Е.Л. (20) од велешко поради основано сомнение дека на 10 септември околу 13.30 часот во селото Петровец извршиле разбојништво над Д.М. од Велес.
„Лицата се приведени во ПС Гази баба и по наредба на јавен обвинител е извршено препознавање, при што нападнатиот ги препознал напаѓачите“, велат од МВР.
Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.