Македонскиот државјанин Марјанчо С.(41) по неколку месечно бегство бил уапсен во градот Неиве во Северна Италија и веднаш спроведен на издржување на затворска казна за силување, информираат тамошните медиуми.
Македонецот кривичното дело го извршил пред четири години во Кунео, главниот град на истоимената провинција. Апелацискиот суд во Торино пред неколку месеци ја потврдил казната од три години затвор за обвинетиот, по што тој го напуштил Кунео.
Тој во меѓувреме се преселил во Ниеве каде редовно бил ангажиран за работа во лозјата, како и многу негови сонародници. Токму тоа ја олеснило работата на инспекторите, кои ја насочиле истрагата во тој реон. Откако бил забележан веднаш била информирана полицијата која го уапсила и веднап го спровела на издржување на затворската казна.